Заеднички гробници со посмртни останки на илјадници луѓе убиени во чистките на Сталин во 1930-тите, биле пронајдени во Одеса, на југ, што е една од најголемите такви масовни гробници во Украина.
До денес, 29 гробови со посмртни останки од 5.000 до 8.000 луѓе се пронајдени на површина од речиси пет хектари, во близина на аеродромот во Одеса, изјави за Франс Прес Сергеј Гукалук, шеф на регионалната канцеларија на Институтот за национална меморија.
Но, тој број може да расте уште повеќе додека продолжува ископувањето.
Остатоците биле пронајдени откако локалните власти наредиле пробен ископ за да се одобри работа за проширување на аеродромот, а масовни гробници веќе биле пронајдени на местото.
Гучаjук вели дека жртвите, жителите на таа област, НКВД, советската тајна полиција, претходникот на КГБ, најчесто биле застрелани во задниот дел на главата.
Жртвите биле погубени помеѓу 1937 и 1939 година, за време на владеењето на теророт на Сталин.