Бројни украински градови планираат да ги преименуваат улиците и плоштадите поврзани со Русија во процесот на „дерусификација“ по инвазијата на Москва на Украина, пишува ХРТ.
Еден ден по уривањето на големиот споменик од советската ера во Киев, кој го симболизира пријателството меѓу Русија и Украина, градскиот совет соопшти дека составил список од 467 локации кои би можеле да се разгледаат за преименување.
Мајкрософт: Руски хакерски напади за поддршка на инвазијата на Украина
Според ХРТ, списокот го вклучува централниот плоштад именуван по писателот од 19 век Лав Толстој и Руско Бајкалското Езеро. На списокот има и улица именувана по Минск, главниот град на Белорусија, близок сојузник на Русија.
Од прогласувањето на независноста на Украина во 1991 година, имињата на некои градови беа променети за да се избрише наследството на омразените советски службеници. Некои владини претставници сега сакаат да ги отстранат имињата на руските автори, поети и планински венци.
Градоначалникот на источниот град Харков, Ихор Терехов, рече дека веднаш штом ќе заврши војната со Русија, ќе поднесе предлог-закон до градскиот совет за преименување на местата поврзани со Русија.
Мајкрософт: Руски хакерски напади за поддршка на инвазијата на Украина
„И без овие имиња ќе има премногу лузни кои долго ќе не потсетуваат каков е соседот на нашите источни и северни граници“, напиша Терехов во апликацијата Телеграм.
Градовите во северна Украина започнаа процес на преименување на улиците по воените единици кои ги бранеа.
Гувернерот на регионот Чернихив предложи улиците или плоштадите во главниот град на регионот да бидат именувани по Првата тенковска бригада.
Минатата недела, министерот за култура, Олександр Ткаченко, предупреди да не се отстрани се што е поврзано со Русија.
Мајкрософт: Руски хакерски напади за поддршка на инвазијата на Украина
Наведувајќи го примерот на Николај Гогољ, руски романсиер роден во Украина, тој рече дека некои личности припаѓаат на светското културно наследство.