Сталинк, сателитската интернет мрежа во сопственост на Илон Маск, вчера доживеа глобален прекин, потврди компанијата на својата официјална веб-страница.
Сè уште не е потврдено дека Starlink е целосно оперативен во Украина
Прекинот ги погоди корисниците ширум светот, а беше особено изразен во Украина, каде што Starlink ги одржува болниците, училиштата и воените единици поврзани на фронтовските линии.
„Starlink повторно е исклучен по целата фронтовска линија“, напиша украинскиот командант за борба со беспилотни летала Роберт „Мадијар“ Бровди на Telegram.
Речиси еден час подоцна, објави дека врската е „постепено обновена“, иако Starlink сè уште не го потврди целосното враќање на услугата.
Десетици илјади пријавени проблеми низ целиот свет
Downdetector, платформа која ги следи прекините на интернет услугите, регистрираше десетици илјади пријави за проблеми од корисници ширум светот.
Компанијата соопшти дека истражуваат причината за дефектот.
Ова е втор голем пад на услугата во последните месеци.
Старлинк го замени поголемиот дел од уништената комуникациска инфраструктура во Украина и денес ја одржува врската и за цивилите и за војската.
Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Киев доби повеќе од 50.000 терминали на Старлинк, од кои речиси 30.000 се обезбедени од Полска.
Ројтерс објави во јули 2023 година дека Маск привремено го оневозможил покривањето над регионот Херсон за време на контраофанзивата на Украина во 2022 година, што го покрена прашањето за зависноста на критичната инфраструктура од одлуките на приватна компанија.