Генералштабот на Украина на својот Фејсбук профил објави дека заробиле „два руски окупатори“.
Оваа информација ја потврди и генералот Валериј Залужни.
На фотографиите се гледаат двајца млади Руси со повреди на лицето и со врзани раце зад грб.
Не се знае што ќе биде со нив понатаму, а многумина на социјалните мрежи веруваат дека заробените Руси се малолетни.
Претходно Украинците објавија дека убиле околу 50 „руски окупатори“, собориле шест авиони и два хеликоптери и уништиле „десетици оклопни возила“.
Ова се случи откако претседателот Путин во телевизиско обраќање најави „специјална воена операција“ во украинскиот регион Донбас.
НАТО Алијансата најави дека ќе испрати дополнително воено засилување, како и опрема на истокот од својот блок, а западните лидери остро ги осудија потезите на Путин.