Украина објави дека контролира половина од градот Северодоњецк, на истокот на земјата, кој е во фокусот на жестоките борби во сливот на Донбас.
Гувернерот на регионот Луганск Серхиј Каидаи изјави дека очекува силна контраофанзива од руските сили во наредните денови.
„Нашите вооружени сили исчистија половина од Северодоњецк“ од руските војници стационирани таму, рече тој во интервју објавено на социјалните мрежи.
„Половина од градот е под контрола на нашите бранители“, додаде тој.
Откако најпрво беа потиснати од руската офанзива во Северодоњецк, украинските сили таму го враќаат теренот.
Хајдај рече дека руските војници добиле наредба да го освојат градот до 10 јуни.
Тој рече дека очекува Русите да ги фрлат сите резерви – во жива сила и оружје – во областа во блиска иднина.
„Во следните пет дена ќе има нагло зголемување на бројот на тешки артилериски бомбардирања“, заклучил Хаидаи, според Ал Џезира.