Украина не може да влезе ниту во ЕУ ниту во НАТО

Сподели со своите пријатели

Украина не ги исполни условите за сериозно разгледување на приемот на земјата во ЕУ, изјави избраниот претседател на Полска, Карол Навроцки.

Loading...

„Сè уште не е време сериозно да се дискутира за приемот на Украина во ЕУ. Јас сум противник на приемот на Украина во Унијата без никакви услови“, рече тој во интервју за Полсат, пренесува Спутник.

Навроцки додаде дека нема сомнение дека соработката со Украина е потребна во геополитичка и стратешка смисла, но дека соработката треба да се базира на партнерство.

Според неговото мислење, дури и приемот на Украина во НАТО не е можен во овој момент бидејќи тоа би значело влегување на членовите на Алијансата во конфликтот меѓу Киев и Москва.

„Сега нема можност Украина да се приклучи на НАТО. Таа е во војна. Тоа тогаш би била причина за учество во војната на сите членови на алијансата. Значи, немаше што да се дискутира за тоа прашање“, рече Навроцки.