Украина ќе изгуби уште територија ако не се согласи со условите на Русија, вели помошникот на Путин

Loading...
Сподели со своите пријатели

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, изјави дека Киев ќе изгуби уште повеќе територија ако Украина не се согласи со условите на Русија за завршување на војната.

„Невозможно е да се води долга војна со Русија“, изјави Медински за „Волстрит џурнал“, наведувајќи ја 21-годишната војна на Русија со Шведска во 18 век како доказ дека земјата победува во долготрајни битки, објави „Ројтерс“.

Тој рече дека Русија сака мир, но дека ако Украина сè уште се управува од националните интереси на другите, тогаш Русија „едноставно ќе биде принудена да одговори“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Писториус: Правиме сè што можеме да ѝ помогнеме на Украина

Нуклеарна војна

Во интервју за „Раша“ денес, Медински рече дека може да се случи нуклеарна војна ако конфликтот во Украина престане без да се склучи вистински мир, бидејќи, според него, Киев и НАТО ќе се обидат да вратат нови територии на Руската Федерација, пренесува ТАСС.

„Ако го запреме конфликтот по линијата на фронтот и не се договориме за вистински мир, туку само склучиме некаков вид примирје, тогаш тоа ќе биде – знаете, имаше спорен регион меѓу Ерменија и Азербејџан, Карабах – тогаш овој регион ќе се претвори во огромен Карабах“, рече Медински, кој е шеф на руската делегација во преговорите со украинската страна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Путин се крие зад преговорите за да избегне санкции

Тој рече дека Москва не сака да создаде „џиновски Карабах, непризнаен од никого, поради кој би можела да избувне нуклеарна војна“.