Украинските власти денеска соопштија дека Италија има намера да ѝ обезбеди на Украина нов систем за противвоздушна одбрана, во време кога Киев апелира до Западот за помош во соочувањето со руските бомбардирања.
„Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани потврди дека неговата земја ќе ѝ обезбеди на Украина втор систем за воздушна одбрана SAMP/T“, изјави украинскиот претседател Андриј Јермак.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни уште најмалку седум модерни противвоздушни системи, вклучително и два за одбрана на североисточниот регион Харко, кој е цел на руската офанзива од 10 мај.
Најмалку осум лица се повредени синоќа во руското бомбардирање на областите Харков и Дњепропетровск.