Украинските сили ја вратија контролата врз клучниот град Харков, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов, кој утринава извести дека Русите влегле во градот.
„Контролата над Харков е целосно наша“, објави тој на Телеграма.
Вооружените сили, полицијата, одбранбените сили работат на теренот, а градот целосно се расчистува од непријателите, додаде тој.
Ситуацијата на теренот останува нестабилна, а тврдењата за контрола е тешко да се проверат, но цивилите на терен, исто така, изјавија за Би-Би-Си дека Харков е повторно под контрола на Украина и дека конфликтот на улиците слабее.
Да потсетиме, утрово пристигна информација дека Русите влегле во Харков.
На социјалните мрежи се појавија снимки од руски воени камиони и тенкови на улиците во градот.
Локалниот политички лидер ги повика граѓаните да останат во своите куќи бидејќи „украинските воени сили го елиминираат непријателот на улиците“.
На улица се водеа борби со часови, снимки од запалени руски камиони и тенкови, па дури и улични тепачки.
Околу 13 часот беше објавено дека Харков повторно е под контрола на Украина.
Street fight in Kharkiv. Ukrainian side. pic.twitter.com/i9DvKf6oEe
— Nikolay Zhigalin (@_ZhN_) February 27, 2022