Властите во Киев денеска ќе се обидат да евакуираат цивили преку шест „хуманитарни коридори“, вклучително и од опколениот јужен пристанишен град Мариупол, за време на договорениот прекин на огнот со Русија, вицепремиерот и министерот за реинтеграција на привремено окупираните територии од Украина, Ирина Верешчук.
Таа во видео изјава рече дека украинските вооружени сили денеска од 9 до 21 часот се согласиле да го прекинат огнот во тие области и ги повикала руските сили да ја исполнат својата обврска во однос на локалниот прекин на огнот, пренесува Ројтерс.
„Во 06.30 часот добивме порака од Руската Федерација за координација на рутите што претходно ги предложивме. Испративме писмо до Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) и во девет часот нашиот премиер Денис Шмихал разговараше со МКЦК, началникот Петер Маурер да го потврди таквиот договор. Војската е согласна со прекинот на огнот денеска од 9 до 21 часот“, изјави денеска Верешчук во видео порака објавена на Телеграм каналот на кабинетот на украинскиот претседател, пренесува Интерфакс Украина.
Како што е наведено, ќе се воспостави прекин на огнот и зелени коридори во следните насоки: Енерходар – Запорожје; Суми – Полтава; Мариупол – Запорожје; Волноваха – Покровск; Изиум – Лозова; Ворзел, Буча, Бородјанка, Ирпин, Хостомел – Киев.