Русија тврди дека нејзините сили во саботата ги прекинале нападите во близина на два опколени украински града за да можат цивилите да заминат, но властите во Мариупол велат дека Москва не го почитува прекинот на огнот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека на десеттиот ден од инвазијата на Украина, руските сили обезбедиле хуманитарни коридори во близина на градовите Мариупол и Волноваха кои ги опколиле нејзините сили.
Германските ТВ куќи привремено го прекинуваат известувањето од Русија
Градските власти на Мариупол рекоа дека Русија не го почитува прекинот на огнот и побараа од нејзините жители да се вратат во засолништата и да чекаат дополнителни информации за евакуацијата.
Руското Министерство за одбрана, од друга страна, ги обвинува украинските „националисти“ дека ги спречуваат цивилите да го напуштат градот, пренесува РИА.
Мариупол, југоисточно и стратешки важно украинско пристаниште, издржа тешки артилериски напади од страна на Русите. Градот е на клучна позиција меѓу прорускиот, сепаратистички регион на источна Украина и полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.
Во окупираниот Херсон, Украинец се качи на руско оклопно возило и вееше знаме (ВИДЕО)
„Синоќа гранатирањето беше посилно и поблиску“, рече член на Лекари без граници (МСФ), додавајќи дека градот сè уште нема струја, вода, греење и пристап до телекомуникациите, а има недостиг од храна.
Украинските власти соопштија дека планот е да се евакуираат околу 200.000 луѓе од Мариупол и 15.000 од Волноваха, град северно од пристаништето Азов. Набљудувач на прекинот на огнот треба да биде Црвениот крст, пренесува Ројтерс.
И покрај овие ограничени договори за прекин на огнот, руското Министерство за одбрана најавува натамошна офанзива во Украина.
Русите негираат дека целеле цивили и извршиле инвазија, нарекувајќи го нивниот напад „специјална воена операција“.
Путин: Наскоро ќе заврши уништувањето на воената инфраструктура во Украина!
Руските сили ја напаѓаат воената инфраструктура од Доњецк, регион кој е под контрола на проруските сепаратисти и го стегаат обрачот околу Мариупол, изјави портпаролот на министерството Игор Конашенков.
Едноставно нè уништуваат“, изјави градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко.
Хуманитарните организации предупредуваат на катастрофа низ земјава поради недостиг од храна, вода и лекови.