Украина ја евакуира амбасадата во Москва, персоналот оди во Летонија

Сподели со своите пријатели

Персоналот на украинската амбасада во Москва се евакуира во Летонија, соопшти денеска летонското Министерство за надворешни работи во изјава за Ројтерс.

Loading...

„Тоа беше нивно (украинско) барање, ние спремно го поздравивме и се согласивме. Им помагаме во процесот на евакуација и ќе им помогнеме да се населат во Летонија“, изјави портпаролот на летонското Министерство за надворешни работи, Јанис Бекерис.

Тој одби да каже дали персоналот на украинската амбасада веќе пристигнал во Летонија, наведувајќи безбедносни причини.