Украина ја доби првата транша од 1,5 милијарди долари од ММФ

Сподели со своите пријатели

Украина ја доби првата транша од 1,5 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамките на новата четиригодишна програма за проширено финансирање (ЕФФ).

Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја информираше јавноста преку Телеграм, нагласувајќи дека износот ќе се користи за финансирање на приоритетни буџетски расходи и поддршка на макроекономската стабилност, објави Укринформ.

Програмата на ММФ изнесува вкупно 8,1 милијарда долари, а од почетокот на војната, Украина доби 14,9 милијарди долари финансиска помош од ММФ за својот државен буџет.

Свириденко им се заблагодари на украинските партнери за нивната доверба и поддршка, нагласувајќи дека тие продолжуваат да спроведуваат реформи што се фокусираат на макроекономската стабилност, зајакнување на државните институции и подобрување на европската интеграција, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: Додека Орбан е на власт, Украина нема да влезе во ЕУ

Управниот одбор на ММФ на 27 февруари одобри нова четиригодишна програма за финансирање за Украина, со која се обезбедува дополнителна поддршка за економијата на Украина, која е погодена од војната.