Украина: Изгаснати пожарите во реонот на нуклеарната централа Чернобил

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за природни ресурси денеска изјави дека пожарите се изгаснати во областа на нуклеарната централа Чернобил, која е под контрола на руските сили.

Седум шумски пожари избувнаа во близина на нуклеарната централа во Чернобил, соопшти Украина.

 

Украина: Убивме 15.300 руски војници, соборивме речиси 100 авиони

 

Украинците тврдат дека пожарите најверојатно избувнале поради гранатирање, а можно е да се подметнати.

Пожарите избувнале во областа под контрола на руските сили, што, како што претходно соопштија властите, го отежнувало нивното гаснење.

Претходно, украинските власти ги обвинија руските сили дека намерно го подметнале пожарот или го предизвикале со артилериско гранатирање, пренесува агенцијата АП.

 

Пожари избувнаа во близина на Чернобил, се стравува од зголемена радијација

 

Украинскиот министер Руслан Стрелец изјави дека нивоата на радијација во таа област се во рамките на нормалното.

Пожарите ја зголемија загриженоста за можното ослободување на радијација од електраната, каде што експлозијата и пожарот во 1986 година доведоа до радиоактивни емисии низ Европа.