Украина е на прагот на ново откритие во областа на оружјето, а станува збор за „робот-камикази“ дизајниран да се бори против руските сили на нејзина територија.
Го носи името „Ratel S“ и овозможува прецизни напади да се вршат од безбедно растојание.
Украинскиот Brave1, технолошки кластер, беше лансиран за промовирање на иновациите во развојот на дронови и други технологии кои се клучни во војната со Русија, пишува Defence.
Познато е дека Украина успешно се спротивстави на руските напади со помош на брзи иновации, а најпознатата техника е да се напаѓаат противничките тенкови со беспилотни летала.
Ratel S, за разлика од беспилотните летала, ќе може да се користи за напади во стилот на камикази.
Тој беше дизајниран да ѝ дозволи на украинската војска да изврши напади врз руски тенкови и утврдувања од безбедно растојание.
Роботот изгледа како играчка, но е дизајниран да носи противтенковска мина или бомба. Се контролира електронски и може да достигне брзина од 24 km/h.
Може да работи на терен до два часа со целосно наполнета батерија и да ја „игра играта на чекање“ доколку е потребно, пред да ја разнесе непријателската опрема.
Лицето кое го контролира роботот може да биде оддалечено и до 6 километри и на тој начин да ја заштити сопствената безбедност притоа нанесувајќи максимална штета на непријателот.
Роботот веќе ги помина сите тестови на терен и е во фаза на производство, па ќе биде додаден во арсеналот на Украина.
Минатата година Украина стана првата земја во светот која разви флота на поморски дронови.