Украина и САД разговараа за фондот за минерали, првата средба во јули

Сподели со своите пријатели

Украина и САД разговараа како да го овозможат минералниот фонд да стане оперативен до крајот на годината, а првиот состанок на фондот се очекува во јули, изјави денес првата вицепремиерка на Украина, Јулија Свириденко.

Loading...

Спогодбата за развој на украинските минерални ресурси, промовирана од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, беше потпишана од Свириденко во Вашингтон во април.

Потоа украинскиот парламент го ратификуваше договорот.

Вчера, Свириденко одржа состаноци со американскиот секретар за финансии, Скот Бесант, и Корпорацијата за развојно финансирање, која ќе биде партнер на минералниот фонд.

„Разговаравме за многу конкретни чекори за да го овозможат овој фонд да стане оперативен оваа година. Значи, планираме да го одржиме првиот состанок на одборот на директори на овој фонд во јули и ќе разговараме за тоа кој ќе биде почетниот капитал за да започне со работа на овој фонд. И всушност, треба да усвоиме инвестициска стратегија за фондот за следните неколку години“, изјави таа за новинарите во Вашингтон, пренесува Танјуг.