Украина и Русија постигнаа договор за хуманитарен коридор кој би ги евакуирал цивилите од Мариупол

Сподели со своите пријатели

Украина постигна прелиминарен договор со Русија за воспоставување хуманитарен коридор кој би ги евакуирал жените, децата и постарите лица од опколениот пристанишен град Мариупол, соопшти денеска вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.

Loading...

„Имајќи ја предвид катастрофалната ситуација во Мариупол, тоа ќе биде во фокусот на нашите денешни активности“, напиша Верешчук на Твитер, пренесува Ројтерс.

 

Кина: Испраќањето оружје во Украина го продолжува и ескалира конфликтот

 

Таа наведе дека обидот за евакуација ќе започне напладне по средноевропско време и предупреди дека „поради многу тешката безбедносна ситуација“ може да дојде до промени при таа акција.

Локалните власти тврдат дека илјадници луѓе загинале во опсадата на Мариупол и дека градот на Азовското Море бил целосно уништен.

 

Loading...

Кина: Испраќањето оружје во Украина го продолжува и ескалира конфликтот

 

Претходниот обид да се постигне договор за хуманитарен коридор за цивили пропадна на 5-ти април.

Оттогаш, нема успех во обидот да се воспостават сигурни коридори, за што завојуваните страни меѓусебно се обвинуваат.