Украина и ЕУ ќе одржат самит во Киев

Сподели со своите пријатели

На 3 февруари Украина и Европската унија ќе одржат самит во Киев на кој ќе разговараат за европската финансиска и воена поддршка, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

За таа средба на високо ниво Зеленски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во првиот официјален телефонски разговор годинава, се наведува во соопштението.

Тие разговараа за испорака на „соодветно“ оружје и започнување на нова програма за финансиска помош од 18 милијарди евра за Украина, која беше усвоена од Европскиот парламент во декември, а Зеленски инсистираше првата рата да и биде исплатена на Украина во јануари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: ЕУ ја загуби војната во Украина, почнува нов свет

Минатиот месец, Европскиот парламент усвои законски пакет за финансиска помош за Украина, кој вклучува воведување минимален данок од 15 отсто за добивката на мултинационалните компании.