Украина и ЕУ ја обвинија Србија дека ѝ помага на Русија, за Вучиќ тоа е хајка

Сподели со своите пријатели

Србија е подготвена да го врати бројот на летови до Москва на нивото пред воведените санкции кон Русија, по обвинувањата за профит од прекинот на воздушниот сообраќај со Русија и сугестијата на естонскиот европратеник за забрана на српската компанија да лета во воздушниот простор на ЕУ бидејќи Србија ги игнорира санкциите на ЕУ против Русија.

Loading...

 

Активисти ја окупираа вилата на руски олигарх во Лондон (ВИДЕО)

 

Вучиќ изјави дека тоа е хајка против Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ го нарече „случај со авиони“, опишувајќи го како „хајкапротив Србија“.

Веста дека авион на „Ер Србија“ на летот за Москва слета минатиот петок поради лажни извештаи дека во авионот била поставена бомба, ја поттикна Украина да ја обвини Србија за профитерство поради зголемените летови кон Русија за време на западните санкции против земјата.

Првиот заменик-министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар рече дека Ер Србија го удвоила бројот на летови до Москва во време кога другите европски авиопревозници воведуваат санкции кон Москва, а небото на ЕУ е затворено за руски компании и приватни авиони.

Loading...

„Србија е единствена во Европа со отворено небо кон Русија. Заработувањето пари од украинска крв е недостојно за земја кандидат за ЕУ“, напиша Џепар на Твитер.

 

Во Романија пронајдено беспилотно летало, започната истрага

 

На социјалната мрежа реагираше и естонскиот европратеник Урмас Пает, кој сугерираше дека на српската национална авиокомпанија треба да и се забрани летање во воздушниот простор на Унијата бидејќи „Србија и Ер Србија ги игнорираат санкциите на ЕУ против Русија“.

„Ер Србија е прозорец кон Европа за Русија“, напиша Пает.

Британски „Гардијан“ претходно објави дека богатите Руси ја користат Србија за да влезат во Европа „преку задната врата“ и да ја заобиколат забраната за летови до и од Русија, која важи во цела Европска унија.

Британскиот весник потсети дека Србија одби да воведе санкции кон Русија, но и дека авионите на Ер Србија може слободно да го преминат воздушниот простор на ЕУ, што ја направи Србија „единствениот европски воздушен коридор што остана отворен за Русија“.

Loading...

Ер Србија моментално има 15 летови неделно до Москва, три само во недела, но српскиот претседател рече дека другите компании, од Турција, Блискиот Исток и Азија, летаат до руската престолнина многу почесто, „30 пати повеќе“.

 

Снимен моментот кога руска ракета погоди тролејбус во Киев (ВИДЕО)

 

„Еве, ќе имаме еден лет дневно“

„Нема да ги допрат оние што се во НАТО, кои се делумно во Европа и Азија и кои имаат 30 пати повеќе летови од нас. Да речеме, мислам на Турција и немам проблем. Тоа е нивна одлука, но зошто тоа не го прават со земјите од Заливот од кои бараат нафта, а имаат 15 пати повеќе летови од нас?“ – праша Вучиќ.

Тој истакна дека е подготвен да ги слуша критиките од „оние кои водат хајка против Србија“ и најави дека „Ер Србија“ ќе го врати бројот на летови за Москва на еден на ден откако ќе се искористат однапред купените билети.

„Еве, ќе имаме еден лет дневно. Дека никој не може да ни каже како заработуваме нешто… Дали е тоа проблем од 30.000 евра? Нема проблем. Еве, билети купувале луѓе за пет-шест дена, после нема друг лет“, категоричен е Вучиќ во изјавата во саботата за белградската ТВ Пинк.

Loading...

Ер Србија на 3 март објави дека ќе воведе два лета дневно за Москва, а од раководството во меѓувреме не ја коментираа најавата на српскиот претседател.

Владата на Република Србија поседува 51 отсто од акциите на Ер Србија, а косопственик со 49 отсто е националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати, Етихад Ервејс.

На почетокот на март Србија гласаше за резолуција на Генералното собрание на ОН со која се осудува руската инвазија на Украина, но официјален Белград нагласи дека нема да воведе санкции кон Москва за да ги зачува националните и економските интереси.

Овој официјален став го поддржа опозицијата во екот на кампањата за предвремените парламентарни избори на 3 април, кога ќе се одржат претседателските избори, а градската власт ќе ја избираат Белград и неколку други локални самоуправи.