Украина: Го убивме четвртиот руски генерал

Сподели со своите пријатели

Украински официјални лица тврдат дека нивната војска го убила четвртиот руски генерал.

Loading...

Тоа е знак, велат тие, дека руската армија е принудена да испраќа генерали на линијата на фронтот за да спроведуваат операции.

 

Украинската армија објави фотографии: „Вака изгледаат окупаторските хеликоптери“ (ФОТО)

 

Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, на Телеграм рече дека украинските сили го убиле рускиот генерал-мајор Олег Митјаев за време на интензивните борби во предградието на југоисточниот град Мариупол.

Би-би-си пишува дека не успеале да ја потврдат оваа информација, а од Москва засега нема информации.

Герашченко напиша дека Митјаев бил командант на 150-та моторизирана дивизија и објави фотографија од, како што рече, мртов офицер.

Loading...

 

Кадиров му се закани на Маск: Не се натпреварувај со мојот претседател, нема да биде смешно

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, јави за смртта на уште еден руски генерал за време на неговото ноќно обраќање од Киев, но не го именуваше.

Се верува дека Русија има околу 20 генерали-мајори во Украина кои ја предводат инвазијата.