Украина: Го соборивме моќниот руски Су-34

Сподели со своите пријатели

Главниот штаб на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу 4 часот утрово.

Според украинската армија, авионот учествувал во напади врз градот користејќи наведувани бомби, пишува Индекс.

„Непријателски Су-34 е соборен околу 4 часот во правец на Запорожје, каде што извршувал терористички напади користејќи наведувани воздушни бомби. Заедно до победа!“, се вели во соопштението на украинскиот Генералштаб.

За каков авион станува збор?

Според британскиот тинк-тенк Кралски институт за обединети служби, Су-34 е еден од најсовремените борбени авиони на руската армија.

Тоа е повеќенаменски суперсоничен ловец-бомбардер со два мотора.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинци: Русите имаат стратегија за недостиг на вода во Донецк - чекаат дожд

Во оперативна употреба е од 2014 година, а Русија го користи за напади со крстосувачки ракети и наведувани бомбашки напади врз украински цели.

Су-34 може да носи до осум тони разновидно оружје, вклучувајќи ракети воздух-воздух и воздух-земја, и има дострел од околу 4.000 километри.

Русија сè уште не ги коментираше тврдењата на украинската армија за губењето на Су-34.