Украина ги отфрли коридорите кон Русија и Белорусија

Сподели со своите пријатели

Украина денеска го отфрли рускиот предлог за евакуација на цивилите од опколените украински градови во Русија и Белорусија,.

„Ова е неприфатлива опција за отворање хуманитарни коридори“, изјави на прес-конференција украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Според рускиот предлог, единствената опција за цивилите кои бегаат од Киев е да се евакуираат во Гомел во Белорусија, а за оние од Харков и Суми во источна Украина во Белгород во Русија.

 

Русија ја прогласи Македонија за непријателска држава – на листата над 20 земји

 

Украинската влада предлага осум хуманитарни коридори, вклучувајќи го и јужното пристаниште Мариупол, кои ќе им овозможат на цивилите да преминат во западните региони на Украина, каде што нема руско гранатирање.

„Бараме Руската Федерација да престане да манипулира и да ја злоупотребува довербата на лидерите на Франција, Кина, Турција и Индија“, рече Верешчук.