Украинската служба за државна безбедност (СБУ) денеска ја демантираше информацијата дека руски хеликоптери слетале во областа на градот Лавов, на западот на Украина.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј, претходно изјави дека три руски хеликоптери слетале во близина на градот Броди во западната област на Лавов и дека украинските сили го одбиле нападот, пренесе Ројтерс.
Од СБУ соопштија дека информацијата е лажна и дека слетувањето не се случило.
Службата за безбедност навела дека украинскиот хеликоптер извршил извидувачки лет во таа област.
„Ги молиме жителите да останат мирни!“, се вели во соопштението на СБУ објавено на Фејсбук.
Регионалната администрација на Лавов соопшти дека снимката која кружи на социјалните мрежи, а на која се гледа како хеликоптер истрела ракети во областа Лавов, е украински, а не руски авион.
„Во Броди – се е тивко!“, се наведува во соопштението и додава дека нема причина за грижа.