Украина: Белорусија ќе се приклучи на руската инвазија

Сподели со своите пријатели

Украинските разузнавачки претставници сугерираат дека „Белорусија покажува подготвеност за директно вклучување во руската инвазија“, изјави претставник на украинската влада за Си-Ен-Ен.

Loading...

Да потсетиме, Белорусија, поточно нејзиниот претседател Александар Лукашенко, веќе им дозволи на Русите да ја користат белоруската територија за испраќање руски сили од неа во Украина.

Друг извор близок до украинската влада изјави за Си-Ен-Ен дека, заедно со информациите од украинското разузнавање, администрацијата на Бајден му кажала и на Киев дека Белорусија се подготвува за инвазија.

 

СЕ Е ПОДГОТВЕНО: На оваа маса ќе се одржат преговорите меѓу Русија и Украина

 

„Вашингтон пост“ објави, повикувајќи се на изјава на претставници на администрацијата на Бајден, дека Белорусија се подготвува да испрати војници во Украина.

Оваа информација е објавена во време кога во близина на белоруската граница треба да се водат преговори меѓу Русија и Украина.

Loading...

Да потсетиме, Белорусија е сојузник на Русија.