Chevrolet Corvette C8 е еден од најпосакуваните нови автомобили на американскиот пазар.
Додека го покажуваше автомобилот на заинтересираниот клиент по тест возењето, тој одлучи да остане зад воланот, потоа да ја заклучи вратата и со малку „гас“ да побегне од изложбениот салон.
Сe се случи пред вработените, а еден колега успеа да ја сними оваа, невообичаена ситуација.
Добрата вест за сите во овој изложбен салон на Шевролет во Вирџинија е дека суперавтомобилот наскоро се врати. Имено, „купувачот“ возел низ неколку населби, а потоа се откажал, оставајќи го автомобилот покрај патот. Други извори тврдат дека бил запрен од полицијата по неколку блокади.
И покрај високата цена, списоците на чекање стануваат се подолги. Моќниот 6.2 V8 со 500 КС е едноставно неодолив, особено кога ќе ве „лансира“ од нула до сто за околу 3 секунди.