Дваесет и две лица, сите политичари, веќе не се помилувани, односно претседателот Ѓорге Иванов ја повлече аболицијата за нив, која претходно ја донесе.
Одлуката на Иванов не е објавена во Службен весник, но по интернет порталите кружат само имињата, без делата за кои лицата се помилувани, со оглед на фактот дека неколку лица имаат и двоцифрен број помилувања.
Списокот од лица за кои се однесува новата одлука на Иванов, неофицијално, би го сочинувале:
Зоран Заев, претседател на СДСМ,
Зоран Верушевски, поранешен директор на УБК,
Ирена Мишева, претседателка на Советот на град Скопје,
Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски,
Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи,
Љупчо Димовски, поранешен министер за земјоделство,
Мартин Протуѓер, шеф на кабинет на бившиот премиер Никола Груевски,
Мендух Тачи, претседател на ДПА,
Бедредим Ибраими, член на ДИК од ДПА,
Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата,
Никола Груевски, бивш премиер, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
Тони Трајковски, градоначалник на Гази Баба,
Трајко Вељановски, претседател на Собранието,
Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје,
Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на општина Центар,
Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, Р Албанија,
Владимир Талевски, градоначалник на Битола,
Бранко Палифров, вработен во општина Струмица,
Бранко Црвенковски, поранешен претседател на СДСМ, претседател и премиер на Р Македонија,
Исмет Гури, поранешен член на општинската изборна комисија на Чаир,
Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК,
Љупчо Тодоровски Радникот, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност.