Граѓаните кои не платиле за радиодифузна такса имаат уште малку време да ги подмират своите долгови, во спротивно Управата за јавни приходи ќе врши присилна наплата.
Од УЈП ги повикуваат обврзниците кои што се наоѓаат на листата, до 13-ти септември да ги подигнат решенијата за присилна наплата во нивните простории. Отаму уште обајснуваат дека по објавата во „Службен весник на РМ“ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од Листата објавена на веб страницата на УЈП, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигањето на решението и спроведување на постапката за присилна наплата ќе ги сноси обврзникот за радиодифузна такса
Со блокада на сметките се соочуваат вкупно 85.700 должници, колку што се забележани во списоците на УЈП, кои бројат вкупно 500.000 претплатници.