УХРМ најавува период на многу топло време со повремен дожд

Сподели со своите пријатели

Поради повеќедневно присуство на постабилна воздушна маса во следниот период времето ќе биде натпросечно топло и претежно сончево.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе има со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови и особено во понеделник ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од почетокот на следната работна седмица дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнува 40 степени.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Длабок утрински минус