УХМР за попладнево најавува невреме: На удар Куманово и Скопје!

Сподели со своите пријатели

Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Loading...

Од УХМР за регионот на Куманово е издадено портокалово предупредување за опасност од високи температури и жолто предупредување за опасност од невреме со грмотевици.

 

 

– Поради можноста од појава на краткотрајни интензивни (поројни) врнежи во текот на попладневните и вечерните часови, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците во северните делови на земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради можност од појава на локални проблеми во дел од градските средини, како резултат на очекуваните поројни врнежи, кои на места се очекува да бидат проследени со невреме, УХМР внимателно движење во дел од градските населени места во северните делови на земјата (Куманово и Скопје), за време на попладневните часови од денешниот ден.

 

Loading...

Никола Ивановски