УХМР: Утре температури и 15 степени под нулата

Сподели со своите пријатели

Утре наутро ќе биде многу студено, речиси насекаде температурата ќе се спушти под -10, а на некои места и под -15 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои до петок претпладне на некои пониски места ќе поминат во дожд, а локално ќе има и појава на замрз нат дожд (дожд што замрзнува при допир со тлото ја зголемува опасноста од лизгање).

Во петок попладне в рнежите насекаде ќе бидат од дожд.

За време на викендот се уште ќе има слаб локален дожд, но ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка

Leave a Reply