Во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, силен ветер, кој наместа ќе достигнува брзина и над 70 километри на час и со услови за појава на град. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.
Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе поминуваат во снег.