УХМР со најава за врнежи од снег и заладување

Сподели со своите пријатели

Денес во ноќните часови нашето подрачје ќе потпадне под периф ерно влијание на циклонска активност во Медитеранот што ќе услови од југозапад да започнат врнежи од снег со слаб интензитет, ифнормираат од Управата за хидрометеоролошки арботи.

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќ е бидат со умерен интензитет. Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините за 5 до 10 cm.

Во среда претпладне ќе има врнежи од снег со слаб интензитет, а поради спуштање на постудена воздушна мас а ќе дува и умерен ветер од северен п равец.

Од четврток облачноста постепено ќе се намалува и утринските температури ќе бидат во опаѓање. Најниски се очекува да бидат во сабота, од -16 до -6 степени, додека дневните ќе бидат во благ пораст и во недела ќе се движат од -1 до 6 степени.