УХМР со најава за врнежи од дожд, снег, засилен ветер и заладување

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност и на влажен и студен воздушен бран, утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м 2 воден талог.

Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува над 60км/ч, а температурата ќе се намали за 6 до 8 степени во споредба со денешната.

 

Неделна прогноза за Куманово: Драстичен пад на температурите

 

Во Куманово и околината утре ќе имаме облачно време со врнежи од дожд кои се очекува да започнат уште ноќва. Ќе дува умерен до засилен ветер од северне, односно северозапден правец. Максималната дневна температура ќе достигне 8 степени целзиусови.

Како што додаваат од УХМР, во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

Никола Ивановски