Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На места врнежите ќе бидат поројни и обилни, особено попладне и во ноќните часови кога поради спуштање на постудена воздушна маса и на повисоките места ќе преминуваат во снег. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.
Преку денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен.
Времето утре ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, стои во соопштението на УХМР.
Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.
Никола Ивановски