Денеска ќе преовладува променливо облачно време, во западните и јужните делови со повремен дожд, а на планините со повремен снег, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
За време на викендот времето ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Утре врнежите ќе имаат слаб до умерен интензитет, а во недела ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. На планините и на некои повисоки места ќе се формира снежна покривка.
Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд се очекува во вторник.