Денеска во ноќните часови и утре под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од западен и северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, додека максималната дневна температура се очекува да достигне 31 степен целзиусов.
Во текот на ноќните часови се очекуваат врнежи од дожд.
Од страна на УХМР за регионот на Куманово за денеска се издадени два жолти метео аларми, едниот за невреме со грмотевици, а вториот за исклучително високи температури.
Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со нестабилност во попладневните часови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 10 до максимални 24 степени целзиусови.
За време на викендот се очекува стабилно, но топло време.
Никола Ивановски