УХМР со најава за пороен дожд, грмежи и ветер

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час).

Локално ќе бидат во форма на невреме.

Во Куманово и околината утре ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој на моменти може да достигне и до 50 километри на час.

Утринската температура ќе се движи околу шест степени, додека максималната дневна се очекува да достигне до 15 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  50 хектари површина изгоре во пожарот во Ваксинце и Слупчане

 

Никола Ивановски

Loading...