УХМР со најава за попладневна нестабилност

Сподели со своите пријатели

Сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе биде времето денеска.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, од пладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и можна е појава на ситен град, особено во западните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степени.

И утре во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и услови за појава на град.

Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица.

Leave a Reply