УХМР со најава за пообилни врнежи и локално невреме

Сподели со своите пријатели

Утре (13.09) времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m 2 ), грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.

Во сабота ќе дува засилен ветер од западен-југозападен правец, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени

Никола Ивановски