Денес попладне почнувајќи од југозапад ќе имаме врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират речиси насекаде. Во ноќните часови на повеќе места ќе има пообилни врнежи од дожд, особено во јужните и западните делови (над 30л/м2 воден талог). Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Под влијание на влажен бран врнежите ќе продолжат и утре во текот на денот како и во понеделник претпладне. Поинтензивни ќе бидат во јужните и источните делови (над 25 л/м2 воден талог). На планините врнежите ќе бидат од снег и висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000 м надморска висина.
Понеделник врнежите ќе бидат локални и со послаб интензитет.