УХМР со најава за обилен дожд, силен ветер и снег

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен ветер, пообилни врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Loading...

Од утре до сабота под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а во петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни (и над 25л/м2) и ќе преминат во снег некаде и на пониските места.

На планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе се формира снежна покривка.

До сабота ќе дува засилен до силен ветер и над 70 километри на час.

Никола Ивановски