УХМР со најава за нова нестабилност

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност до крајот на седмицава ќе се задржи  променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа).

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, до петок локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Низ Македонија денеска времето ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово останува една од најтранспарентните институции во Македонија

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време и над 25 l/m2), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

 

 

За Куманово и околината за денеска од страна на УХМР е издадено и жолто предупредување за опасност од невреме со грмотевици.

Нестабилноста во Куманово се очекува во попладневните часови, со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Температурите ќе бидат во интервал од минимални 14 до максимални 24 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  38-годишен кумановец физички нападнал полицајци

 

 

Делумно стабилизирање на временската состојба се очекува во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски