УХМР со најава за невреме во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Денес нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кој локален ќе бидат  поројни и проследени со  грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најпрво ќе бидат зафатени западните делови а потоа кон крајот на денот и во вечерните часови ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат поинтензивни лолално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови.  Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...