УХМР со најава за нестабилно време

Сподели со своите пријатели

Уште денеска и утре ќе се задржи сончевото и стабилно време, а веќе кон крајот на викендот следува нова нестабилност.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а. од понеделник следува период на променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, стои во најавата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што додаваат оттаму, локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со максимална температура од 23 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply