До понеделник наутро по котлините ќе има појава на магал и намалена видливост поради која понекаде дневните температури ќе останат пониски и тоа само до неколку степени над нулата. На повисоките места ќе биде по малку ветровито но со покачени дневни температури.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник попладне од југозапад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се поинтензивни во ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне ќе почне да дува и северен ветер, а врнежите кои веќе ќе завршуваат на запад и на север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините.
За време на викендот на југоисток и понекаде и на повисоките места температурата ќе надминува 10 степени. Овие релативно високи дневни температури ќе се задржат до понеделник и ова ќе е период на позначајно топење на снегот, а со тоа и нивото на водостојот во реките и езерата се очекува да се зголеми.