УХМР со најава за дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажен и студен бран кон крајот на денов и во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Поради заладувањето се очекува врнежите од дожд да преминат во снег и во некои од пониските места.

Утре во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток.

Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни, потенцираат од УХМР.

Никола Ивановски