УХМР со најава за дожд и силен ветер

Сподели со своите пријатели

Во недела ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, што ќе се задржи до вторник. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во метео најавата издадена од УХМР, стои дека под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 л/м2).

– На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со силен јужен ветер (над 60 км/час) и појава на грмежи. Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне, стои во соопштението.

И покрај промената на времето, дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Никола Ивановски

Leave a Reply