УХМР прогласи жолт метео аларм: Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и невреме

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Поинтензивни процеси во форма. на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер (локално над 60 km/h). Од вторник времето ќе биде стабилно и топло.

За поголем дел од државата за текот на утрешниот ден УХМР го вклучи жолтиот метео аларм за опасност од невреме.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ГФК Куманово утре на домашен терен ја отвора сезоната

 

Никола Ивановски