УХМР предупредува на можно излевање на водотеците

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот ден и вечерните часови се очекуваат локални, краткотрајни интензивни врнежи од дожд, на некои места и со услови да бидат во форма на невреме со засилен ветер и појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Врнежи се очекува да има на поголемиот дел од теритријата на земјата, додека на некои места се најавуваат и поголеми количини на врнежи така што локално се очекуваат и над 35 l/m2.

– Тоа може да предизвика брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците на места каде интензивните врнежи би биле сконцентрирани во рамки на нивните сливови, велат од УХМР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија загуби и од Латвија (ГАЛЕРИЈА)

 

Викенд прогноза за Куманово: Обилни врнежи и невреме

 

Поради очекуваната можност на повеќе места да има кратктрајни и интензивни врнежи од дожд, можни се појави на локални излевања на помалите реки и суводолиците.

– Исто така, доколку интензивните врнежи бидат во градските урбани средини, можна е појава на течење и акумулирање на вода низ градските улици поради  неможност за одведување на водата преку атмосферската канализација во толку краток временски интервал, стои во соопштението.

Loading...

Големите реки, според УХМР, засега се безбедни во поглед на нивно излевање, иако е можно зголемување на нивниот водостој.

– Предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците во текот на денешниот ден, велат надлежните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавен новиот список со најмоќни пасоши во светот: Еве како котира Македонија!

Никола Ивановскит