УХМР: Од петок повторно нестабилно време, локално услови за невреме со град

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од петок ќе настапи позначително дестабилизирање на времето, па во наредните денови на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено в петок и в сабота.

Променливо и нестабилно ќе се задржи и во текот на наредната работна седмица.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Попладне во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.